Сите случаи потекнуваат од Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид, а се на просечна возраст од 40 години.
Утринава беше соопштено за 17 нови пациенти до 10 часот, но во меѓувреме беа направени и нови тестови.
Министерот Венко Филипче информира дека лабораторијата од Институтот и приватната од „Жан Митрев“ се спојуваат, бидејќи практиката покажала дека и таму тестовите се веродостојни. Најави и отворање два пункта, во Чаир и Јане Сандански, каде од понеделник ќе може сомнителните лица да се тестираат.





