о Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднел денеска пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов.
Тој закон, како што образложи на пртес конференција, ќе овозможи искоренување на тешките облици на корупција, неселективна војна против криминалот и имплементација на европските вредности.
Трајанов предлага да се формира независна агенција надвор од политичката и партиска моќ, која ќе биде отпорна на какви било партиски, коруптивни или бизнис влијанија, составена од професионалници кои ќе можат да работат на откривање тешки облици криминал кои го прават носители на високи државни функции.
Агенцијата, вели, треба да работи и на откривање на скриениот имот на носители на државни позиции кој го стекнале на криминален начин.
Освен што ќе открива тешки кривични дела со вредност над 100. 000 евра вредност, таа треба да ги следи и јавните набавки преку кои, вели тој, се одлеваат милиони евра во приватни џебови, бидејќи според него над 90 проценти од нив се наместени.
„Во РСМ има седум агенции за борба против корупцијата, меѓутоа тие се сите политизирани, не можат да функционираат и затоа предлагам ваква независна Агенција.
Јавно ги повикувам сите пратеници и политички партии, да се приклучат како предлагачи на овој законски проект и да успееме преку јавна расправа до крајот на март да го донесеме овој закон. Со отворање војна против корупцијата и криминалот навистина ќе зачекориме кон европските вредности и тоа е систем како и на кој начин да се стигне до полноправно членство во ЕУ. Се друго, поделбите за тоа кој е против или за ЕУ, се класични манипулации и тие не не доближуваат до ЕУ и европските стандарди, рече Трајанов.







