Во Македонија има 659 „фантоми“

Заменик-народниот правобранител алармира дека во матичните книги не постојат 659 лица, а дури 60 проценти од нив се малолетници.



Меѓу овие „фантоми“ најбројни се Роми – 428 , Албанци – 88 , Турци-20, а во останатите етнички заедни бројот е едноцифрен.

„Н’е загрижува податокот дека за нив нема податоци Управата за водење на матични книги, а граѓанските организации известуваат за деца кои што во меѓувреме се родени и чие што раѓање не е запишано, не е започната постапка, така што и за нив дополнителниот упис ќе претставува проблем ако законот се ограничува со рокови“, вели Васка Бајрамовска – Мустафа, заменик на Народниот правобранител.