Во Македонија има 64 исчезнати

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи како исчезнати се водат 64 лица.



Најстариот отворен случај за исчезнато лице е оној за Веле Дојчиновски, роден 5 март1960 година во с.Тресонче, а кому му се губи траг во арил 1992 година.

Последниот запишан на овој список e 65-годишниот скопјанец Абдул Алибен, за кого веќе 20 ден не се знае ништо.

МВР ги демантира шпекулациите на социјалните мрежи според кои многуте случаи на исчезнати лица наводно се поврзани со трговија на луѓе, односно дека на некои од исчезнатите при наоѓањето им недостигале  органи.