Во моментов во Македонија има 22 илјади невакцинирани деца од МРП.  Оваа недела комисијата прогласи епидемија на морбили на цела територија.



Од почетокот на епидемијата заразени се 1060 луѓе, а од компликациии од ситните сипаници починаа три деца.

„Пред два дена се консултирав и со министерот за образование и наука Арбер Адеми и тие наши ставови се координирани. Сега продолжуваме со теренската вакцинација, повторно ќе има средба мултисекторската група за да видиме дали треба да направиме некои законски измени, вели министерот Венко Филипче Филипче.

Од Комитетот за имунизација велат дека вакцините се со висок квалитет и немало пријави за сериозни компликации.