Претседателот Стево Пендаровски вчера на средбата со францускиот колега Емаснуел Маккрон добил гаранции дека Македонија на 6 мај во Загреб ќе добие одлука во врска со датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ,.
Каква, се уште не се знае, дали ќе биде позитивна или негативна.
Новата методологија за проширување на ЕУ, што ја најави Макрон и поради која стави вето на преговорите со Македонија и со Албанија, се очекува да биде завршена до март.
Вие испорачавте сè, нема нови услови за вас, не ви нудам алтернатива на полноправното членство во ЕУ и доаѓам во првата половина од 2020 година за ова да го кажам пред вашите луѓе, му рекол францускиот претседател Емануел Макрон на својот македонски колега на нивната вчерашна средба во рамките на Париската мировна конференција.
Макрон објаснил дека на европскиот самит на лидери во октомври не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што било потребно време за да заврши внатрешната реформа во ЕУ.




