Состанокот на постојаните претставници на земјите членки на Европската унија што се одржа вчера вечер во Луксембург заврши без да се разговара за позицијата на Бугарија за француското вето за Македонија.
Дипломатски извори ја опишуваат атмосферата како „позитивна“ и додаваат дека Бугарија информирала кои следни чекори ќе ги преземе, јави дописничката на БНР, Ангелина Пискова.
Францускиот предлог нема да се расправа ниту на денешниот Совет за општи работи на унијата.
Комисијата за надворешни работи на Националното бугарско собрание се уште нема закажан состанок за францускиот предлог за преговорите меѓу Софија и Скопје.
Засега нема најава за термин за кој е закажан состанок на парламентарната комисија за надворешни работи за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, јави БНТ.
Документот, подготвен од француското ротирачко претседателство со ЕУ, беше испратен до комитетот во петокот.
Два дена претходно, на седницата минатата среда, Владата одлучи сите прашања поврзани со темата Македонија да ги решаваат само пратениците.
Бугарското МНР завчера излезе со официјален став за досега сработеното, а вчера до комисијата испрати нацрт билатерален протокол меѓу Софија и Скопје.
Вчера во Луксембург се собраа амбасадорите на сите 27 земји-членки да разговараат на оваа тема, но од Бугарија немаше вести за став за францускиот документ.
Емисијата „Околу светот и во Бугарија“ неофицијално дознава дека парламентарната комисија за надворешни работи ќе биде свикана дури в четврток со два причини – документот да биде преведен на бугарски јазик и да се добие ставот на Македонија за оваа тема.
Премиерот Кирил Петков во неколку наврати најави дека доколку парламентот не го промени ставот на Бугарија, нема сам да го укине „ветото“.
Шефот на државата Румен Радев упати остри критики до премиерот и владата, велејќи дека кабинетот не успеал да подготви бугарски предлог за спорното прашање со Република Македонија и сега го поднесува францускиот предлог.
„Петков не може да поднесува предлози до други без негово мислење – тој не е курир, туку е премиер”, порача Радев.






