Во Куманово се славеше победа на Швајцарија над Србија

Стотици Албанци синоќа ги блокираа улиците во Куманово славејќи ја победата на Швајцарија над Србија на Светското првенство во Катара.



Победата беше прославена со црвено-црни знамиња. На теренот имаше и полиција. Во швајцарскиот дрес настапуваат двајца фудбалери со албанско потекло – Гранит Џака и Шќедран Шаќири, од кои вториот го постигна првиот гол на средбата.

Средбата заврши со резултат 3-2. Швајцарија продолжи во осмина-финалето на СП, додека Србија беше елиминирана.