Иако Скопје е најголем град во земјава, бројот на починати од коронаирус е помал од – Кумново.
Истражувањее на „360 степени’ покажува дека Скопје досега има 18 починати и 563 заболени од коронавирус што значи дека смртноста изнесува 3,2%. Од Куманово се 20 од починатите и 408 од заразените, што значи дека смртноста изнесува 4,9%.
Д-р Шенаси Јусуфи, кој во моментов е матичен доктор во Куманово, вели дека причините за поголемата смртност во овој град се недостатокот на инвестиции во болничките установи, медицинскиот персонал и современа опрема.
„Очигледно во Македонија имаме факти дека со децении не се инвестирало во здравството доволно и редовно и затоа сите овие три столба што ги споменав, не ги имаме во соодветна состојба или се во неповолна положба во однос на функционирањето на здравјето воопшто. И во случајот со Куманово, овие три столба секако се недоволни и дошле до таков резултат со инфекција или со висок морбидитет и со повисока стапка на смртност или смртност во Република Северна Македонија“, вели Јусуфи за „360 степени’.
Еден дел од вината Јусуфи префрла и на инертноста на политиката. Вели дека почетокот на пандемијата го затекнал во Германија и се вратил во земјава пред се да помогне во болницата во Куманово, но не му била прифатена подадената рака.





