Во Крушевската Република немало Македонци – Провокација од професор на Тетовскиот универзитет

Професор по историја на Тетовскиот универзитет кој го финансира државата Македонија тврди дека за време на Крушевската Република Албанците обезбедувале оружје, во Илинденското востание учествувале Бугари а воопшто немало Македонци!“



„Во органите на Крушевската република биле избрани претставници на секој од трите народи – православни Албанци, Бугари и Власи. Албанците дале голем придонес во востанието, обезбедувајќи оружје и муниција за востаниците. “ – овие тешки навреди врз македонскиот народ и тешки фалсификати на историската вистина ги изнесе историчарот и професор на државниот Универзитет во Тетово Неби Дервиши денес во врска со Илинденското востание во изјава дадена за Втората програма на албански јазик на државната Македонска телевизија.

„Во историографијата не е доволно расветлено што содржи фактографскиот опус за Илинденското востание и за важноста на Албанците во тој период’ – вели за ТВ М 2 историчарот Неби Дервиши. Според него, во Илинденското востание учествувале и православните Албанци, тогашни жители од Крушево. По ослободувањето на Крушево и на некои населени места биле избрани органи на Републиката, привремена Влада и Собрание, кое броело 20 Власи, 20 Албанци и 20 Бугари. Била избрана и привремена Влада, која исто така била сочинета од двајца Власи, двајца православни Албанци и двајца Бугари. Крушевската република немала долг живот, таа се распаднала пред време. Придонесот на Албанците главно бил со обезбедување на вооружување.“

Агенцијата натаму пренесува што кажал овој универзитетски професор и доктор на историски науки: “„Албанците ќе придонесат многу со обезбедување на оружје преку тајни канали, кои доаѓале од реонот на Тетово, од реонот на Поградец и преку прикриените канали, кои ги снабдувале востаниците со оружје и муниција. Еден од хероите на Крушевската република Пјетер Гури, кој во документите се вика Питу Гули, е половина Албанец и половина Влах. Ова не го велам јас, туку го кажува и еден од најистакнатите македонски историчари Димитар Влахов, кој укажува дека Питу Гули имал мајка – Албанка а татко – Влах.“

„Пораката на Илинденското востание е дека народите треба да соработуваат и да уживаат рамноправни права. Самото големо Собрание од 60 мажи, или 60 делегати, од кои по 20 од секое население, самата привремена Влада од шест лица – по двајца Албанци, двајца Власи и двајца Бугари – зборува дека во тоа време со локалното востание било предвидено секој народ да ужива своите рамноправни права. Придонесот на Албанците во овој период е неспорен и има илјадници документи од овој период, кои треба да бидат објавени.“ – кажал историчарот Неби Дервиши денес во изјавата за Втората програма на албански јазик на Македонската телевизија.

Најнова вест!!!!!!

Вечерва ситуацијата е драматична во Кочани

Пендаровски изутрина ќе праќа хеликоптери во Кочани, Мицкоски вечерва тргна кон пожарот