Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 10 од повредените по завчерашната тешка сообраќајна несреќа се во тешка состојба а од нив шестмина се во критична, пренесе порталот „Сакам да кажам“



Во Клиничкиот центар се наоѓаат осум пациенти, од кои четворица се на Клиниката за анестезија, еден на Трауматологија, еден на Неврохирургија, трудницата на Клиниката за гинекологија е во добра состојба, а еден е хоспитализиран на Торакална хирургија.

Во Градската општа болница „8 Септември“ се наоѓаат 28 пациенти, а шест пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Во автобуската несреќа завчера, загинаа 14 патници, а повредени беа 37 други.