Вечерва околу 19 часот е пукано со автоматско оружје врз автобус со ученици кај селото Глоѓани во Косово – мртви двајца ученици и возачот на автобусот. Убиени се Гента Мустафај (17) и Ледион Хамзај (18) и возачот Гани Ѓокај. Убиените ученици се од селото Глоѓани. Полесно е повреден Флиант Туркај (16) и тој е надвор од животна опасност. Учениците починале на пат кон болница, поради тешките повреди. Мустафа Селмани, претседателот на месната заедница во селото Глоѓани, сведочи дека едно маскирано лице пукало врз автобусот. Автобусот ги пренесувал учениците од Ѓаково кон Дечани. – јави весникот Бота сот.
Во косовските медиуми оваа трагедија веќе се означува како атентат. Засега нема детали кој и од какви мотиви го извршил овој страотен чин.





