Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Тестот не смее да биде постар од 72 часа.
Доколку граѓаните од овие три земји слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, тие не треба да приложат негативен тест, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово, пренесува Макфакас.




