Во Косово од денеска рестрикции на струја

Косовската електродистрибутивна компанија КЕДС соопшти дека е принудена од денеска да почне со рестрикции на струја.



„Во последниве денови системот за електрична енергија во земјата е силно преоптоварен. Истовремено, соочен со најсериозната криза за електрична енергија во светот, Пазарниот оператор-КОСТТ, врз основа на законите кои се на сила, го наложи воведувањето рестрикции за струја. Овие ограничувања ќе траат околу два часа и ќе влијаат на сите клиенти во различни периоди, освен итните случаи. Ваквата состојба ќе преовладува во текот на следните 24 часа, а за следните денови чекаме инструкции од КОСТТ и ќе постапиме во согласност со нив“, се вели во соопштението.

Владата на Косово обезбеди 20 милиони евра за увоз на електрична енергија, кои, според премиерот Албин Курти, се до седум пати повеќе од отколку во истиот период минатата година, кога цената беше 60 евра за мегаватчас.

Косово сега увезува околу 40 проценти од своите потреби за електрична енергија.