Демократскиот Сојуз на Косово, по барање на претседателот на партијата Иса Мустафа, влегува во преговори за формирање со Алијансата за иднината на Косово на донеодамнешниот премиер Рамуш Харадинај, со Социјалдемократска иницијатива на Фатај Лимај, со Алијансата за ново Косово на Беџет Пацоли и партиите на малцинските заедници.
Ова денеска на својот фејсбук профил го објави лидерот на ДСК, Иса Мустафа. Тој побара од советот да ја објави коалицијата по електронски пат во недела.
По гласањето за недоверба на владата на 25 март, косовскиот претседател Хашим Тачи побара од лидерот на Самоопределување и в.д. премиер Албин Курти да предложи нов кандидат за косовски премиер.
Курти е против формиртање нова влада, сè уште не доставил предлог за нов мандатар, а вчера го известил Тачи вчера, дека негов приоритет е борбата против пандемијата.
Курти кој од 3 јануар беше премиер помалку од 2 месеца, вели дека откако ќе заврши пандемијата, треба да се одржат избори.





