Во која држава се наоѓа општина Чаир?

Глас за Македонија реагира на поставеното албанско знаме на фасадата на Општина Чаир. Од партијата прашуваат во која држава се наоѓа Општината Чаир, пренесува 24.Инфо.



„Ако во Охрид имаше отстранување на знамето на соседна држава од тврдината и санкции за чинот, бараме под итно да се постапи на истиот начин и во овој случај. Не е дозволено вакво евтино покажување на сила од ниту една етничка заедница. Вака не се гради взаемно разбирање и почит за кое нашата партија се залага, туку се разградува“, велат од партијата.