Во Кина 108 нови случаи – страв од нов бран епидемија

Кина пријави најголем број нови случаи на коронавирус по речиси шест недели, како резултат на зголемениот број повратници од странство, а земјата се обидува да спречи втор бран на епидемијата.



Во неделата се евидентирани вкупно 108 нови случаи и 99 забележано претходниот ден, што е најголем број по 143 случаи регистрирани на 6 март.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина сега е 82.160, додека бројот на починати е зголемен за два, на 3.341.