Вчера по полноќта во канцелариите на Демократската унија за интеграција во Кичево избувнал пожар. По интервенцијата на пожарникарите тој бил локализиран.
Пренесувајќи соопштение на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, информативната агенција на албански јазик „Журнал“ информираше дека „пожарот започнал во еден локал, по што се проширил во ‘канцелариите на една партија’.
Во пожарот немало повредени.





