“Во моментов додека сме во полициска станица во Кавадарци, фрлена е бомба врз автомобилот на Здравко Бошков. Полиција не реагира”, објавува адвокатот и лидер на ТМОРО Ванчо Шехтански.
Предходно Шехтански објави дека локалниот лидер на ТМОРО во Кавадарци е уапсен откако напишал заканувачки статус за градоначалникот Митко Јанчев.
“Вечерва во Кавадарци, заради фб статус против градоначалникот Мито Кожувчанка, приведен е претседателот на ОК ТМРО во Кавадарци, Здравко Бошков.
Е па, Среќна нова 49”, напиша Шехтански.
Јанчев во изјава за интернет телевизијатз ЕТВ Потврдува дека го пријавил Бошков за закана на Фејсбук.




