Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека изградбата на проектот „Истанбулски канал“ ќе започне на крајот на јуни.
„Ако даде Бог, на крајот на јуни да го поставиме камен темелникот на каналот „Истанбул“, соопшти Ердоган и додаде дека „ќе изградиме два нови града од десната и левата страна на каналот… Со овие два града, Истанбул ќе биде посебен “.
Проектот предвидува изградба на нов канал помеѓу Мраморното Море и Црното Море за зајакнување на поморската безбедност.

Капацитетот на каналот „Истанбул“ се планира да биде скоро три пати поголем од капацитетот на Босфор.
Претходно беше објавено дека до 185 бродови ќе минуваат безбедно преку новиот канал низ Истанбул секој ден, а во моментов низ Босфор пловат меѓу 118 и 125 бродови.
Надлежното Министерство за животна средина и урбанизам на Турција издаде посебни одобренија за овој мега-проект, со што значително ќе се олесни транспортот на опасни материи низ Босфор. Изградбата на проектот се планира да заврши до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година.







