Советот на Град Скопје, поточно советниците на СДСМ вчера изгласаа скандалозна одлука со која што мрзливиот градоначалник, Петре Шилегов овозможи нови 175 вработувања во ЈСП -претпријатие кое што ако не се субвенциите на Град Скопје ќе банкротира, соопшти денеска Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве го тој план, каде што според дописот планирани вработувања заклучно со 31 декември се 175. И според описот во годината во која што се однесува оваа одлука вели 41 пензионирање ќе има во текот на годината, а планирани се 175 нови вработувања.
Носење на ваков План и тоа во изборна година несомнено отвора сомнеж дека списоците за овие вработувања веќе се направени.
Да беа вработувани само возачи кои што се дефицитарен кадар на ова јавно сообраќајно претпријатие ќе бевме првите кои што истото ќе го поздравеа, а вака понудениот список укажува на тоа дека ЈСП станува државна јагма за приватни и за партиски цели“, вели Стоилковски.






