Во Газа, демолирана е зграда со канцеларии на Ал џезира и други медиумски куќи Новинарите ги напуштиле своите канцеларии откако им беше кажано дека зградата ќе биде цел на напад за еден час, јавува Ал џезира.
Портпаролката на Белата куќа, Псаки, денеска изјави дека САД му соопштиле на Израел дека мора да се грижи за „безбедноста на новинарите“, откако војската урна зграда со канцеларии на странски медиуми, што го шокираше и длабоко го вознемири, но Израел го обвини Хамас за ваквиот развој на настаните, јави ХИНА.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) се огласија за нападот со соопштение во кое се вели дека „Хамас ги претвори станбените области во Појасот Газа во воени упоришта. Користи високи згради во Газа за повеќе воени цели, како што се собирање разузнавачки информации, планирање напади, командување и контрола и комуникации.
Кога Хамас користи висока зграда за воени цели, станува легитимна воена цел.
Израелските одбранбени сили погодија голем број вакви згради во последните неколку дена, но пред да го сториме тоа, презедовме чекори за да осигуриме дека цивилите нема да бидат повредени.
Ги повикавме жителите на зградата и ги предупредивме да заминат. Испративме СМС-пораки. Ние фрливме бомби кои испуштаат силен звук и погодуваат само на покривот. Обезбедивме доволно време за евакуација.
Ќе повториме: Кога Хамас ќе смести воен имот внатре во таква зграда, таа станува легитимна воена цел. Ова е јасно меѓународно право.
Сите повеќекатници кои беа цел на израелските одбранбени сили беа користени за воени цели“, се вели во соопштението, пренесе ТВ21.







