Висок воен советник на Иранската револуционерна гарда беше убиен денеска во израелски воздушен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск.
Иранската државна телевизија ја прекина својата редовна информативна програма за да објави дека Мусави е убиен, пренесуваат медиуми.
Мусави беше опишан како еден од највисоките советници на ИРГЦ во Сирија. Телевизијата објави дека Мусави бил меѓу соработниците на елитниот командант Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година.
ече дека убиството на Мусави ја покажува слабоста на Израел.
„ Овој чин е знак на фрустрацијата на ционистичкиот режим и неговата слабост во регионот“, беше коментарот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси додавајќи дека Тел Авив „сигурно ќе плати“ за тоа.
Иранската револуционерна гарда објави дека „Израел ќе настрада“ поради убиството на бригадниот генерал Мусави.
Израелската армија не го коментираше случајот.






