Бројот на пациенти со коронавирус во Италија се искачи на 322, а бројот на починати се искачи на 11 лица, откако регионалните власти во Ломбардија потврдија уште четири смртни случаи.
Ова го соопшти шефот на италијанскиот кризен штаб, Анџело Борели, пренесува „Анса“.
Со тоа Италија е на неславното прво место по број на заразени во Европа.
Според Светската здравствена организација (СЗО), коронавирусот сега се прошири во над 30 земји.




