Во инцидент во Скопје повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени откако полициско возило се превртело по сообраќајка со друго возило на крстосницата на улиците Франклин Рузвелт и Орце Николов во Карпош.



МВР соопшти дека сообраќајката се случила во 3.37 часот кога се судреле полициското возило „шкода јети# со кое управувал К.Н. и патничко возило „мицибуши спејстар“ со кое управувал В.А.(41) од Скопје.

„Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото „шкода јети и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопштија од МВР од каде не откриваат што е причината за несреќата.