…Неблагодарната улога да комуницира со јавноста ја имаше генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски. Тој на првото појавување, во 7 часот и 30 минути, со уморен поглед и со половина уста најави победа за Пендаровски и заборави да каже „северна“ пред Република Македонија.



Таму некој на глас побара „аплауз за генералниот секретар“ и се слушна силно ракоплескање. Присутните како да веруваа дека колку посилно удираат со дланките, толку полесно ќе ги избркаат лошите вести.

А, на големиот видеобим во салата само еднаш, веројатно по грешка, наместо натписот „Заедно напред“ се појави графикон со изборните резултати за потоа веднаш да го снема.

Ако првичните реакции беа дека „Стево води многу – наспрема малку“ или во проценти 30 отсто, доволен беше резултат од една скопска општина за да ја скицира реалната состојба и да го згусне воздухот под хотелските сводови.

„Губиме за 1.300 гласа во Аеродром!“, на поминување нафрли еден од општинските функционери на СДСМ, дообјаснувајќи дека: „Губиме на избирачки места каде што сме победувале со двојно или повеќе разлика“. Губеле и во Ѓорче, Кисела Вода и во Гази Баба, за Битола имаше разни информации. Присутните во хотелот се чудеа како тоа поразот бил неминовен и во Неготино и се обидуваа да се утешат дека воделе во Капиштец и тоа „два спрема еден“.

„Еј, Капиштец! Таму треба да е три наспрема еден!“, коментираа луѓето од пониските ешалони на СДСМ, кои пред влезот на „Хилтон“, преку Вибер, постојано се информираа за најновите резултати.

Како сол на рана им дојде веста дека до тој момент во сдсмовското Арачиново Силјановска-Давкова освоила скромни 14 гласа…

Тогаш веќе беше јасно дека победата, ако воопшто ја има, ќе биде многу тесна…

Целиот текст ОВДЕ