Би-Би-Си, јавува дека ова е рутинска активност за двете страни, но годинава не се зборува за теренски маневри со учество на војска и опрема.
„Маневрите Грузија-НАТО во 2022 година ќе бидат командно-штабна компјутерска вежба, а не теренска вежба. Во мултинационалната вежба ќе учествуваат претставници на 23 земји-членки на НАТО и партнери“ се вели во соопштението до грузиското Министерство за одбрана.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, сегашните грузиски власти се обидуваат да балансираат меѓу завојуваните страни: тие ја поддржуваат Украина, но без директно да ја осудат Русија.
Во 1992-1994 година и во 2008-ма во Грузија имаше воена интервенција.
Москва ги инспирираше и ги поддржа сепаратистичките сили во Абхазија и Јужна Осетија, кои се отцепија како посебни републики.







