Во Грција со две дози вакцина ќе се смета за невакциниран

Грција ги засилува мерките за заштита од коронавирусот, а како што пренесуваат темошните медиуми, трета доза од вакцината станува задолжително од следниот месец.



Министерот за здравство Танос Плеврис изјави дека, почнувајќи од 1 февруари, луѓето кои нема да примат трета доза нема да можат да пристапат до места кои се резервирани за вакцинирани, оти нивниот вакцинален сертификат ќе се смета за нецелосен.

– Сите оние луѓе кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, нема да можат да пристапат до местата резервирани за вакцинирани. Мерката ќе биде активирана на 1 февруари оваа година. Тоа значи дека сите оние кои не примиле дополнителна доза, а поминале седум месеци од претходната, ќе се сметаат за невакцинирани“ рече тој.