Грчкото Министерство за надворешни работи вчера вечер го поднесе предлог-законот за ратификација на Протоколот кој го отвора патот за Македонија во НАТО под името „Република Северна Македонија“ до Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот парламент.
Дискусијата во Комисијата ќе започне денеска во 14 часот и ќе биде завршена на пленарната седница во петокот со гласање, пренесува „Катимерини“.
Вчера во седиштето на НАТО во Брисел, постојаните претставници на 29-те членки на Алијансата го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.





