Продолжена е одлуката на грчката влада за привремена затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани, јави дописничката на МИА од Атина.



Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиската порака до граѓаните пред десет дена, кога соопшти олабавување на мерките, најави дека на 15 мај „ќе биде отворен туризмот“.

Новата одлука стапува во сила на 3 мај и ќе важи до 14 мај 2021 година до 6 часот наутро по локално време кога, согласно најавите, се очекува Грција и да ги укине ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за Ковид-19 или со сертификат за вакцинација.

Исклучок, како и досега се граѓаните од ЕУ, државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Русија, Руанда, Сингапур, Израел и Србија.