Правилата за влез во Грција воведени минатата седмица се продолжени до 31 мај, согласно новата министерска одлука што вчера стапи во сила, јави МИА.
За патување во Грција задолжителен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест. Оние што влегуваат вакцинирани, треба да имаат поминати 14 дена од втората доза.
За разлика од пред една недела, сега грчките власти признаваат и тест за антитела по прележан Ковид-19, но документот мора да биде на англиски, германски, француски или италијански јазик.







