Томас Герберих, амбасадорот на Германија во земјава преку
видео порака појасни дека работа во Германија има за стручни лица но такви кои добиле понуда од тамошен работодавач.



„Овој закон важи не само за жителите на Балканот, туку за луѓе од целиот свет“, објаснува амбасадорот Герберих, откако на 1 март во Германија стапи во сила Законот за доселување на стручни лица.

Под стручни лица се подразбираат не само оние кои имаат завршено високо образование, туку и лицата со средно стручно образование, но образованието треба да биде признато од надлежните германски служби, како и дека за да се добие виза потребна и конкретна понуда за работа.