
Најмалку седум лица загинаа, а четири се повредени во експлозија што се случи во ресторан во турската област Ајдин, јавува Агенција
Гувернерот на југозападната турска област, Хусеин Аксој, соопшти дека експлозијата се случила во ресторан во округот Назили.
Како што изјави, меѓу повредените, едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Аксој дополни дека според прелиминарните податоци експлозијата се случила при промена на цевки.
Според телевизијата TRT, во експлозијата којашто се случила при замена на боците околу 15,40 во кујната на ресторанот во кој во тоа време имало повеќе од 20 луѓе. Повредените се пренесени во локалните болници, а според медиумските извештаи тие се во критична состојба.





