Најмалку 80 автомобили биле запалени синоќа во градовите Гетеборг и Тролхаген во Западна Шведска. Автомобилите биле запалени истовремено во неколку региони, објавија шведси медиуми.
И порано имало ваков вид на вандализам, но „но во иста ноќ и за толку кратко време на толку многу различни места – не се сеќавам“, изјави портпаролката на полицијата од западниот регион, Ула Брем.
Според полицијата најверојатно, акцијата е координирана преку социјални мрежи. Очевидци збуруваат за маскирани луѓе облечени во темна облека кои со бензин ги палеле автомобилите и со бејзбол палки ги кршеле прозорците.




