На протестен марш одржан во Единбург, на кои беа повторени барањата за независност на Шкотска од Велика Британија излегле 250.000 луѓе.
Собирот доаѓа на неколку недели пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ (Брегзит) закажан за 31 октомври. Демонстрантите во традиционална носија носеа шкотски знамиња, и играа гајда.
„Не можев да бидам физички со вас, но сум со духот. Имајте убав ден. Несомнено, ние се приближуваме до независност“, пораќас шкотската премиерка и лидер на СНП, Никола Старџен на Твитер.
Шкотска на референдум во 2014 одржа референдум на кој 55 отсто од граѓаните се изјаснија против независност.
Но тоа беше пред референдумот од јуни 2016 година кога граѓаните гласаа за Брегзит, но граѓаните на Шкотска се изјаснија дека осакаат да останат во Унијата.
Шкотскиот премиер Николас Старџен тогаш изјави дека планира втор референдум за независност до 2021 година.





