Во два дена, два земјотреси ја стресоа Романија

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со јачина од 5,7 е регистриран денеска во 14 часот и 16 минути.



Ова е втор силен земјотрес на територијата на Романија, откако вчера земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја потресе земјата, со епицентар во исто подрачје, на околу 56 километри северо-западно од Турну северин.

Земјотресите биле почуствувани во Бугарија, Србија па дури и во Хрватска.