Во ДУИ вознемирени од споменување на четите на Груби и Бектеши (ВИДЕО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски ги вознемирил духовите меѓу пратениците на партијата на Али Ахмети со споменување на партиските четин на самонаречениот вицепремиер и министерот за економија.



,,Колегите од ДУИ многу ми се вознемирија на крајот на говорот кога ги спомнав четите на Груби и Бектеши…
Ако некогаш почнат да плаќаат даноци ќе сфатат шо зборувам”, објави Здравковски кој алудира на партиските ешалони во администрацијата под контрола на ДУИ.