Во ДУИ сомнеж дека бомбите на “кумановската група” доаѓаат од СДСМ

Изјава на премиерот Заев од пред 4 години е причината поради која високи членови на раководството на ДУИ се сомневаат дека бомбите што ги објавуваат Ел Чека и неговите клонови се дистрибуирани од СДСМ.



Според функционерите на ДУИ кои бараат внатрепартиска дебата за ова прашање поради изјава на челникот на СДСМ за албанската телевизија Топ Канал од март 2015 година мислат дека може да се претпостави кој ги дал бомбите на кумановскага група.

Заев, во популарната емисија „Шќип“ на Ридина Џунга тогаш рекол дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, којашто, според него, целосно ги контролира албанските политички партии во Македонија.

Заев пред 4 години во интервјуто признал дека покрај снимки за ВМРО-ДПМНЕ има и снимки во кои се прислушувани и раководители на политичките партии и министри Албанци во Македонија, но и од Албанија.

Друга причина за ваквиот сомнеж е фактот што кај близок човек на Заев, Захир Бектеши Чауш во март 2016 година беа пронајдени телефонски разговори со фолдер по име “СДСМ”.

Во ДУИ дел од раководството е убедено дека дел од тие снимки сега ги објавуваат членовите на Кумановската група за која медиумите веќе објавија индиции дека предходно се среќавала со високи членови на СДСМ.

Во Мала Речица не знаат дали снимките кои ги имаше само Заев и СДСМ а потоа и СЈО и Катица Јанева, се дадени од страна на премиерот или пак од луѓето кои ги селектирале според тоа на кој јазик се зборува во нив.

Сомнежи има за двајца високи функционери, еден министер и еден сега сменет партиски член кои работеле или имале пристап до бомбите на албански јазик.

Другата опција која ја разгледува ДУИ е СЈО како извор на бомбите кои ги објавува Ел Чека.

Сомнежот таму се фрла на преведувачи и нивните шефови кои имаат пристап до 6 илјади бомби во кои се збори на албански јазик.

Оргиналната вест во која Заев признава дека има бомби за ДУИ од пред 4 години:

https://makfax.com.mk/makedonija/politika/zaev-za-top-kanal-dui-i-dpa-se-slugi-na-vlasta/