По смена на неколку партиски функционери на ДУИ од високи позиции во владата во битката меѓу Груби и Меџити настрада и државниот министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во министерството кое го води првиот вицепремиер Артан Груби, најбитна е партиската припадност и тоа во оваа државна институција треба да е „интегративна“ и лојална нему и на лидерот Али Ахмети, пишува мкд.мк.
Важноста на партиската припадност во државното министерство пред способноста на кадрите најдобро го открива Аднан Ејупи кого од функцијата државен секретар вчера го разрешил Артан Груби.
„Многупати се обидов да ги пренесам барањата што доаѓаа од нашите активисти, како од Скопје, Тетово, Гостивар и други места, до првиот вицепремиер, но овие обиди секогаш беа неуспешни“, вели Ејупи и додава дека е близок со „огнениот“ Изет Меџити.
Ејупи за МКД вели дека е точно е дека неговиот став кореспондирал со тој на Изет Меџити, Блерим Беџети и други, и тоа не го криел.
,,Точно е дека и јас имав поинакво мислење, па поради тоа ме разрешуваат и ме заменуваат со член на Алијансата за Албанците“, вели Ејупи кој не се срами да каже дека наместо за сите граѓани во владата функционирал секогаш во служба на Албанците, а особено на партиската структура на ДУИ.
Цела информација на МКД.мк






