Членови на највисоките партиски структури од повеќе градови размислуваат на врвот на ДУИ да му предложат партијата со седиште во Мала Речица сама да предизвика предвремени избори.
Функционери на партијата кои не се изјаснуваат дали се за Груби или за ,,Огнената група” и кои инсистираат на анонимност сметаат дека проблемите на ДУИ ќе се решат ако партијата излезе од владата и предизвика нови избори по кои ќе дојде до консолидација на партиската моќ.
,,Со предвремени избори ќе дојде до обединување на двете групации во партијата. Нитижу Меџити може да ја уништи ДУИ ниту Груби може сам да владее со партијата а овој судир може да се реши со партиска хомогенизација пред избори”, тврди искусен член на партијата.
Друг функционер на ДУИ кој има увид во анкетите и расположението на терен вели дека изборите се најелегантен начин за раздвојување од СДСМ од кои Ахмети веќе нема никаква корист.
,,Неспособноста на СДСМ почнува да влијае на имиџот на ДУИ и затоа пред целосно да пропаднеме како влада и коалиција треба да му кажеме збогум на Ковачевски затоа што корумпираноста на неговите кадри може да ја пренесе на имиџот на ДУИ”, вели функционерот кој одбива да признае дека неговата партија исто така има имиџ на корумпирана партија на власт.
За трет извор во партијата одлуката за избори сега е во рацете на Ахмети но и на ,,меѓународните партнери” кои ќе кажат дали веднаш треба да се спасува ДУИ од ,,кармата” на СДСМ или Ахмети ќе остане до крај со Ковачевски дури и по цена тоа Мала Речица да ја чини учество во идната влада.
Последна вест
Немал слушнато поголема глупост со цел вработување на илјадници партиски војници
Ковачевски се пофали со дигитализација, експерт му ги раскринка планот и целта





