Тринаесет лица, меѓу кои и еден полициски службеник, се испратени во државен карантин на сопствен трошок поради кршење на мерките за (само)изолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за лица што ја прекршиле уредбата со законска сила
за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од нејзиното воведување на 12 јуни до денеска и против нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.
Исто така, во однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци во овој период.
Од МВР известија и дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата им се издадени решенија за изолација
на 566 лица, а 178 потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две од нив не ја почитувале мерката.




