Во Данска работат роботи-новинари

Агенцијата Ritzau, во соработка со локалните весници, разви  робот кој пишува пригодни извештаи по секој локален спортски натпревар.



Извештаите се прилагодени така што еден (робот) е насочен да пишува за домашниот тим, а другиот за гостинскиот тим .

Ritzau објави дека ова е важен чекор за понатамошен развој на агенцијата во роботското новинарство.

„Локалниот спорт е важен, но невозможно е да се покријат сите тимови со новинари. Затоа, ние сме задоволни со оваа услуга од робот, очекуваме да видиме како ќе реагираат нашите читатели“ изјави главниот уредник Ларс Јеспперсен за весникот Nordjyske.