Црна Гора од утре ги отвора границите за граќани од Македонија, соопшти директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.
„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Северна Македонија и западноевропските земји од утре“, објави Мугоша, пренесува Cdm.me, додавајќи дека во овие земји епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува .
Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји.
За влез во Црна Гора, најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошкиот ЕЛЕСА, рече Мугоша.






