Статистиките на Министерството за здравство покажуваат дека во земјава има четири градови во кои нема заболени со Ковид-19. На Дојран и на Демир Капија им се приклучуваат и Пробиштип и Пехчево.
Повеќе градови како Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Дебар, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Македонски Брод имаат едноцифрен број активни случаи.
По една година бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава падна под 1.000. Ова го покажуваат последните бројки објавени од Министерството за здравство кои се однесуваат на новозаразените со коронавирус на дневно ниво.
Троцифрен број активни случаи има само во Скопје (395).





