„Во Чаир пронајдено разновидно оружје и многу муниција – три лица се уапсени“

„Во Чаир, во Скопје, вчера попладнето при полициска акција во една куќа е пронајдено разновидно оружје и големо количество муниција, дознава неофицијално информативната агенција ‘Журнал’ – пренесува весникот на албански јазик „Лајм“.

„Според првичните информации, три лица се уапсени. Истрагата продолжува. ‘Журнал’ стапила во контакт со Министерството за внатрешни работи и оттаму ја потврдиле оваа информација. Но, бидејќи полициската акција продолжува, не сакаат да дадат подетални информации. Дополнителни информации се очекуваат на 3.11.2021 година“ – пренесе „Лајм“.