Екипа на ТВ Телма денеска на терен провери дали улиците се пусти насекаде и дали граѓаните ги почитуваат рестрикциите во последните од 80-те часови продолжен викенд под карантин.



„За некого цел викенд карантин, за други – само обична недела. Некои од луѓето повеќе се плашат од камера отколку од полиција. На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.

Вака беше во скопски Чаир. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час“, коментираат од „Телма“.Инаку, од скопските општини токму Чаир има најголем број на активни случаи на коронавирус – 152, речиси исто како вкупниот број на заразени во Бутел- 59, Гази Баба-58 и Аеродром-53, објави Фокус.