Во Чаир има 8 илјади дивоградби и – тоа не е се…

Во општина Чаир веќе добиле над од 8.000 апликации за легализација на бесправно изградени објекти, а бројката ќе биде многу поголема ако помине законот за легализација вели градоначалникот Висар Ганиу во изјава за ТВ21 .



 „Има над 8 илјади апликации. Над 65% ги имаме решено како предмети. Сега со новиот закон доколку се усвои, сигурно ќе очекуваме нови апликации. Не можеме да прејудицираме колкав ќе биде бројот. Што се однесува до дивоградбите од различен тип, евидентирани се 41 тип и ние почнавме постапка за тие објекти“, вели Ганиу.

Владата не се откажува од целта за изнаоѓање начин за легализација на повеќе од 50.000 дивоградби низ целата држава со што веруваат дека ќе се реши проблемот на граѓаните кои немале финансиска можност ги легализираат нивните објекти.