Во центарот на Скопје: Легенда за американските принципи и виц за македонската правна држава (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалните мрежи покажува како ниту македонските институции не санкционираат прекршување на македонските закони (во случајов законот за сообраќај) од страна на странци ниту странските дипломати во Скопје ги почитуваат македонските закони.



Според регистрацијата и моделот на возилото Форд се работи за возило на амбасадата на САД во Скопје кое е недозволено паркирано на тротоар а не е целосно јасно дали може да користи флешери какви што во Македонија користат само возила за специјална намена.

Кој американски дипломат и возач ги прекршиле македонските закони треба да кажат од амбасадата чие возило е снимено во центарот на Скопје.

И ова однесување објавено на Твитер е корупција односно расипување на системот за кој зборуваше американската амбасадорка Агелер и затоа добро ќе биде таа со санкции или со извинување во име на нејзините соработници да даде пример како треба да се однесуваат и македонските функционери.