Најбогатата општина во Македонија ги затвора читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со фонд од околу 3.000 донирани книги затоа што нема предвидено пари за таа намена во буџетот за 2019-та, објави Фактор.
Овие читални со голем ентузијазам од страна на општината Центар, уметниците и читателите беа отворени во 2015-та, а зачленувањето во истите, како и задолжувањето со книги беше бесплатно за љубителите на пишаниот збор.
Информацијата за Фактор ја потврдиле и од општина Центар, од каде што велат дека мора да се крати од буџетот бидејќи приходите ќе бидат намалени, иако се работи за незначителен трошок.
“Во следните три години предвидени се помалку пари во општинската каса, поради мораториумот за градби, така што ќе има помалку пари од комуналии и поради тоа мора да се крати на вакви работи. Ние не се откажуваме и ако има пари во иднина, повторно ќе ги отвориме”, велат одговорните во општината.
Линк до информацијата на Фактор.мк
https://www.faktor.mk/se-zatvoraat-chitalnite-slavko-janevski-i-aco-shopov-koi-ne-chinat-ni-2000-evra-mesechno




