Во Бурунди не ја прекинаа фудбалската лига, но забранија славење голови

Бурунди, една од само четирите земји во светот во кои сè уште се игра фудбал, не планира да ја прекине лигата поради пандемијата од коронавирус, но донесе неколку одлуки поврзани со тоа.



Најважна е забраната за групно славење на постигнат погодок, потоа задолжителното миење раце пред натпреварот, избегнување разговор со судиите и забрана за ракување со судиите и со противниците.

Во источноафриканската држава, во која досега се регистрирани само три случаи на зараза со коронавирусот, останува да се одиграат уште три кола.

Преостанатите три земји во кои и понатаму се одвива фудбалското првенство се Белорусија, Никарагва и Таџикистан.